Агент во контактен центар (м/ж)

Work from home, North Macedonia




ORYX Asistencija, составен дел на Zubak Grupа, пружа врвна и доверлива услуга на помош на пат, помош на море и домашна асистенција. Своите производи, освен во Македонија, моментално ги пружаме во уште 8 европски земји. Што и да правиме, даваме сѐ од себе за да направиме и повеќе од бараното. Секој наш вработен тежнее да биде најдобар во своето подрачје, непрестано се образува, расте и се грижи сѐ да направи што подобро, повеќе и побрзо. Цениме труд и мотивација. Секогаш и секаде размислуваме како да го унапредиме, подобро решиме или поефикасно направиме она што го работиме. Иновацијата нѐ движи и мотивира и ја поттикнуваме и очекуваме од секој вработен. Ги цениме добрите идеи, а уште повеќе нивното квалитетно извршување.

 


За работата


За нас контактниот центар е срце на нашата услуга, а брзината и квалитетот се клучни мотиви. Нашите агенти не се занимаваат со продажба и решавање на рекламации, ова е сервисен контактен центар што значи да координирате решавање на какви било потешкотии што корисникот ги има. Накусо, ти си спој помеѓу корисникот на услугата и нашите договорени сервисни партнери. Во нашиот контактен центар владее исклучително позитивна атмосфера, ергономијата на работата е врвна, а контактниот центар ни служи како извор на кадрови, така што ако си талентиран, амбициозен и работлив, имаш можност за напредување.


Опис на главните задачи


  • Дежурство во контактен центар
  • Запримање на дојдовни повици од корисниците на услуги
  • Организација и водење на случаи
  • Координација со партнери и уптавуње налози за испорака на услуги кон работниците на теренот
  • Пресметка на услуги според работниот налог и изработка на фактури


Карактеристики на соодветното лице за нас


Покрај македонскиот, го познаваш и хрватскиот, англискиот, германскиот, италијанскиот или словенечкиот јазик во говор и писмо, а имаш изразени комуникациски вештини и добар си во тимска работа. Информатички си писмен и имаш организациски вештини. Предност ќе имаат лица со искуство на работа во контактен центар, кои добро познаваат сообраќајници, населби и географски забележја и који добро се снаоѓаат во просторот со помош на дигитални мапи. Познавање на повеќе странски јазици е дополнителна предност.


Што ти нудиме


  • Квалитетен систем на обучување и континуирано унапредување на вештини
  • Активна и секојдневна поддршка на компетентни водители
  • Активно зголемување на плата согласно со развој и напредок, како и можност за остварување стимулации и бонуси
  • Вложување во стручни едукации и усовршување на познавање на веќе научените, ама и учење на нови јазици
  • Работа со меѓународни клиенти


Дознај повеќе за Zubak Grupа и ORYX Asistencijа на https://www.oryx-assistance.com/mk , пријави се за работа по електронски пат и придружи му се на нашиот тим.


Reci prijateljima za ovaj oglas

Osobne informacije
Profesionalne informacije
Dodaj
Dodaj
Dodaj
Dodaj